|
По пауза од шест месеци, Војдан Стојановски одлучи да ја продолжи својата кариера во француското првенство.
Негов нов клуб е По Ортез чиј дрес ќе го носи до крајот на сезоната. Од август, Војдан тренираше со МЗТ Скопје, дури имаше и шпекулации дека ќе го засили македонскиот шампион.
Војдан треба да биде промовиран во текот на утрешниот ден, а се очекува викендов да дебитира за новиот клуб.