Викенд временска прогноза 12-13 Септември 2020

|

Според податоците на УХМР, за денес се предвидува сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Во Скопје и околината времето и понатаму ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Температурата на воздухот ќе се искачи до околу 32 степени.

До среда ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Во четврток се очекува развој на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.