|
Умерено облачно со слаб до умерен ветер од североисточен правец.Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 33 степени.
Од денес повремено ќе се зголемува облачноста и благо ќе се намалува дневната температура. Во четврток и петок претежно попладне ќе има услови за краткотрајна локална нестабилност со пороен дожд и грмежи и засилен северен ветер.
Во Скопје и околината до среда времето ќе биде стабилно, суво и сончево. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 31 степен.