Времето денеска: Облачно со северен ветер и температура до 14 степени

|

Времето претпладне ќе биде променливо облачно со поголема облачност во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал 1 до 7, а максималната од 8 до 14 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите најпрвин ќе почнат утре попладне, а ќе бидат пообилни во понеделник (на повеќе места над 20 л/м2).

Поради заладување проследено со засилен северен ветер врнежите во вторник ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, информираат од УХМР.