Вртоглава сума: Билетите за последниот натпревар на Федерер достигнаа ОГРОМНА цена

|

Влезниците за последниот дуел во кариерата на швајцарскиот тенисер Роџер Федерер на претстојниот Лејвер куп во Лондон достигнаа цена од фантастични 68.000 евра, објавија британските медиуми.

Федерер во средата објави дека ќе се повлече од професионалниот тенис по турнирот во Лондон на кој ќе настапи во тимот на Европа заедно со Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, додека настапот на Рафаел Надал сè уште е неизвесен.

Како што наведуваат медиумите, влезниците за натпреварите на Лејвер купот од 23 до 25 септември во Лондон се нудат на популарниот сајт за препродажба на билети „Stubhub“ и најскапите достигнале цена од 68.000 евра. Најевтините влезници во моментов чинат 2.400 евра.

Федерер по бројни повреди одлучи да стави крај на кариерата во која освои 103 трофеи, од кои 20 грен – слем титули. (МИА)