За што служат цртичките на копчињата „F“ и „J“ на секоја тастатура

ИЗВОРНов Лист
|

Ако погледнете на тастатурата на вашиот лаптопот, или компјутер, ќе забележите дека на копчињата „F“ и „J“ има мала испакнатина во форма на црта.

Овие ознаки имаат за цел да им помогнат на лицата со хедикеп и оштетен вид полсено да ракуваат со тастатура или нумеричките тастатури на лаптотпите и персоналните компјутери.

Линиите на буквите „F“ и „J“ на лицата со оштетен вид им служат како тактилен ориентир, со чија помош можат да одредат каде се наоѓаат другите копчиња на тастатурата.

Ознаката на копчињата „F“ и „J“ може да им помогнат и на лицата со нормален вид, да го користат тастатурите, без да погледнат во нив или кога работат во темница.