За што служи третата преграда од фиоката на машината за перење?

|

Машините за перење обично имаат три прегради во фиоката, но повеќето луѓе не знаат за што служи третата.

Треба да се напомене дека пред да ја користите машината, детално прочитајте го упатството за нејзината употреба за да не го оштетите механизмот. Исто така, секоја преграда во машината има своја намена, а многумина не знаат за што служи третата преграда.

Во која преграда се става прашокот/детергентот за перење, во која омекнувачот и за што служи третата преграда?

Делот со симболот на цвет е наменет за омекнувач – во него можете да ставите и домашен производ од оцет и есенцијално масло.

Делот означен со симболот I е за детергентот за предперење и генерално е третиот дел во машината за перење. Од друга страна, оној со симбол II е наменет за главниот детергент.

Исто така, мал совет – не претерувајте со количината на омекнувач, бидејќи може да предизвика алергиски реакции.