За три дена 1436 санкции, 237 за брзо возење

ИЗВОРНов Лист
|

На 05, 06 и 07.01.2021 од страна на организационите единици за контрола и регулирање на сообраќајот при МВР на територијата на целата држава санкционирани се вкупно 1436 возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи. 237 санкции се изречени за возење со поголема брзина од дозволената, 87 за возење нерегистрирано возило, 192 санкции за управување возило без положен возачки испит.

50 за управување на возило под дејство, 178 за непрописно престигнување.

Единицата за безбедност во патниот сообраќај вчера (07.01.2021) на територијата на Скопје спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи што возат со брзина поголема од дозволената.

Санкционирани се 80 возачи, од кои осум возеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Санкционрани се и 21 други прекршоци. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли во областа на сообраќајот со цел зголемување на безбедноста на улиците и патиштата.