Продолжува судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година, кое треба да се одвива денеска во Кривичниот суд, а како сведок е повикан премиерот Зоран Заев.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.