Премиерот, Вицепремиерот и Министерот за здравство, пред некој ден сториле сообраќаен прекршок. Имено, според информациите кои молскавично брзо се шират по порталите при сообраќајна контрола, утврдено е дека не носат зашитини кациги при возење на мотор.
За сторен сообраќаен прекршок, МВР ги казни премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот Венко Филипче.
Од платните налози што ги објавија некои портали, се гледа дека на тројцата државни функционери издадени казни во висина од 50 евра.
Заев, Николовски и Филипче биле сопрени на булеварот Гоце Делчев во близина на Владата пред три дена, а од возењето се појави и аматерска снимка на социјалните мрежи.
МВР последните денови врши засилени контроли во сообраќајот низ државата.