Искачување по стрмни карпи без никаква безбедносна опрема, звучи опасно зарем не? Free Solo е еден од најопасните спортови во светот, ако не и најопасен. Во превод значи слободно качување. Алекс Хонолд е човекот кој го практикува овој спорт од негови 5 години, почнувајќи од кровот на неговата куќа, па денеска совладувајќи многу по опасни предизциви.
На 32 годишна возраст Алекс го направи најголемиот спортски подвиг во историјата на човештвото. Го совлада опасниот El Capitan, ѕид висок 2.307 метри надморска височина, без никаква сигурносна опрема.
Филмот Free Solo, кој освои Оскар за најдобар документарец е филм базиран токму на оваа случка. Самото снимање на филмот, тензијата, искачувањето на Алекс на гранитниот El Capitan се навистина неверојатни. Потењето на дланките и на целото тело е неизбежно.
Алекс е човек кој поголемиот дел од својот живот го живее во комбе, патувајќи на дестинации кои се предизвикувачки за него и за неговиот опасен стил на живот. Човек кој е буквално без емоции, и единствен стимул за неговиот мозок се карпите и нивното совладување. Со задоволство ви препорачуваме да го погледнете одличниот Free Solo, со сигурност ви гарантираме дека нема да зажалите.
Автор: Филип И.