Истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон направиле мета-анализа која опфатила повеќе од 40 различни истражувања, на чија основа заклучиле дека просечно 23% проценти од децата, тинајџерите и младите возрасни луѓе на возраст до 25 години, патат од зависност од паметни телефони.
Во тие истражувања биле анализирани 41.871 личност и во секое од нив било откриено дека 10 до 30 проценти од испитаниците патат од ова пореметување. Пронајдена е конзистентна асоцијација меѓу PSU (Problematic Smartphone Usage) и проблемите со менталното здравје.
Меѓутоа, концептот на зависност од паметни телефони е контроверзен во академските кругови, па оттаму настанал и изразот PSU. Сепак, извештаите кои настанале во текот на анализата покажуваат дека постојат доволно докази кои може оваа состојба да ја поврзат со клинички психијатриски тегоби.
Заклучокот кој бил донесен е дека постои ургентна потреба да се развијат алати кои ќе го намалат PSU, како и да се осмислат интервенции кои ќе ја намалат неговата зачестеност. Тоа почнале да го прифаќаат и произведувачите на телефони. На пример, “Apple” во IOS 13 лансирал Screen Time, кој им овозможува на родителите да контролираат колку време нивните деца го користеле својот телефон.
Во секој случај, јасно е дека новите технологии често негативно влијаат на најмладите, кои немаат мерка кога станува збор за нивната употреба. Поради тоа е неопходно да се пронајдат системски решенија кои ќе им овозможат на децата и тинејџерите да ги користат телефоните, но да не претеруваат во тоа.