Здравје на дланка – Едно киви на ден ги држи докторите на дистанца

ИЗВОРСкопје24
|

Зимскиот период е погоден период за многу настинки и вируси кои секоја година сезонски се појавуваат, па токму затоа нашиот организам треба да биде многу јак и отпорен со лесно би е изборил со сите нив. Секако најважно е имунитетот да ви е на многу високо ниво, а за тоа најзаслужни се витамините и минералите.

Зимата изобилува со овошја кои покрај тоа што се превкусни исто така се и многу здрави, и не штитат од болести. Едни од нив се кивите, бидејќи содржат витамини од групата Б, како и витамин А, Ц и железо.

Кивито е одлично овошје и за трудниците, односно идните мајки бидејќи витамините од групата Б помагаат во правилен развој на фетусот. Значаен е и изворот на калиум кој го регулира крвниот притисок, а овој плод е богат и со фолна киселина која ја потпомага синтезата на протеини.

Ова моќно овошје го намалува нивото на холестерол, ги неутрализира слободните радикали, ја зголемува одбранбената способност на организмот и ја потпомага елиминацијата на токсини од телот.

Во последно време навистина популарни станаа Смути сокчињата, кои за брзо време можете да си ги подготвите дома и да уживате за нив за време на појадокот или како дополнителна поткрепа за време на денот.

Благодарение на високовредните состојки, кивијата се ефикасни и во борбата против респираторните инфекции, а освен тоа, тие го зајакнуваат имунитетот, штитат од настинки, го регулираат крвниот притисок, го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести, мозочен удар и тумор, а помагаат и во борбата против главоболките и стресот.
Со редовното консумирање на свежо киви се намалува количината на триглицериди во крвта за 15 отсто.