Денес се одржа ждрепката за завршницата од ЛШ

|

Денес се одржа ждрепката за завршницата од овогодинешното издание на Лигата на шампионите.Оваа година поради одложувањето и во првенствата и во европските купови за првпат шампионот ќе биде одлучен на турнир на најдобрите осум, во супер интересен формат.

Францускиот ПСЖ ќе игра со Аталанта, Лајпциг со Атлетико Мадрид.

По одигрување на одложените реванш натпревари од фазата на осминафинале, закажани за 7-ми и 8-ми август ќе се знаат и останатите двојки.

Манчестер Сити ќе игра на против Реал Мадрид, а притоа има предност од 2:1 од првиот натпревар.
Победникот од овој дуел ќе игра во четвртфиналето против подобрата екипа од Јувентус и Олимпик Лион. Јувентус на домашен терен ќе се обиде да победи со повеќе од 1-0, колку што заврши првиот меч во франција за Лион.

Баерн е со речиси завршена задача во двомечот со Челзи и дома ќе треба да ги зачува трите гола предност од Лондон (0-3).
Баварците, доколку Челзи не направи сензационален пресврт, во четвфриналето ќе играат со подобриот од Барселона и Наполи. Првиот натпревар во Неапол заврши 1-1 во тврда игра без многу шанси.

Градот Лисабон и стадионите на Бенфика и Спортинг ќе бидат домаќини на турнирот на најдобрите осум во ЛШ во термини од 12 до 23 август.