Зелено светло за армијата од утре да ги чува болниците

ИЗВОРНов Лист
|

Дадено e зелено светло Армијата да ги обезбедува болниците ширум земјава после денешниот состанок, соопшти денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Потребно за да се спроведе оваа акција е уште и потписот на претседателот Стево Пендаровски, кое најверојатно ќе се случи денес.

Стојанче Ангелов, директор на ЦУК, вчера напомена дека 295 припадници на Армијата ќе им помагаат на припадници на МВР во обезбедување на болниците ширум земјава во прв момент, иако, како што рече тој, бројката понатаму може и да се зголеми, доколку има потреба.