Земјоделците од Лозово три години ги чекаат парите за штети од невремето

ИЗВОРНов Лист
|

Трета година по ред земјоделците од Лозово ги чекаат парите за штетите од невреме.

Добија ветување дека парите ќе им се исплатат наскоро, но овие земјоделци кои во рок од пет дена во три наврати силниот ветар, град и пороен дожд им направи штети на посевите не веруваат ниту во државта, ниту во осигурителните компании.

Недореченостите при осигурување на посевите ја натераа државата да го сработи нацрт предлог законот за задолжително земјоделско осигурување.

Од наредната година се очекува неговата примена, без осигурување земјоделците нема да можат да конкурираат за субвенции. Реализацијата ќе биде преку нов државен Фонд.

Според предлог Законот 20% од премијата ќе биде на товар на Фондот, а земјоделците што претрпеле штета ќе имаат скалеста исплата на настанатата штета.

Земјоделските стопанства со склучување на договорот за осигурување плаќаат од 30% до 80% од Премијата за осигурување со што во случај на исполнување на условите за исплата на штета се стекнуваат со право на соодветна осигурителната сума и тоа:

– со платени 30% од Премијата се стекнуваат до 50% од осигурителната сума, – со платени 40% од Премијата се стекнуваат до 60% од осигурителната сума, – со платени 50% од Премијата се стекнуваат до 70% од осигурителната сума, – со платени 60% од Премијата се стекнуваат до 80% од осигурителната сума, – со платени 70% од Премијата се стекнуваат до 90% од осигурителната сума, – со платени 80% од Премијата се стекнуваат до 100% од осигурителната сума, стои во предлог Законот за задолжително земјоделско осигурување.

Во првите три месеци државата на земјоделците на име на штети им исплатила околу 4,5 милиони евра, додека осигурителните компании 400.000 евра, а од 11 компании само 4 нудат земјоделско оисгурување.

Викторија Јованова