Земјотерес ги вознемири жителите на грчкиот остров Крит

|

Грчкиот остров Крит го погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер.

Епицентарот на земјотресот бил на 16 километри југоисточно од Ираклион, најголемиот град на Крит.

Земјотресот е регистриран на длабочина од два километри, јавува ЕМСЦ.

Исто така, земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска и Кувајт, соопшти Министерството за информации, пренесе Ројтерс.

Министерството на Твитер објави дека „Националната сеизмичка служба на Кувајт забележала земјотрес со јачина од 5 степени југозападно од Ал Ахмади, а се случил точно во 04:28 часот по локално време, на длабочина од 5 километри“.

Кувајтската противпожарна служба соопшти дека земјотресот не предизвикал голема материјална штета, пренесе Ројтерс.