Зидан: Не ми е гајле за Бејл, тој е најголем губитник

|

На редовната прес-конференција пред утрешниот натпревар со Галатасарај, тренерот на Реал, Зинедин Зидан зборуваше за ситуацијата со Герет Бејл.

Велшанецот веќе еден месец не е во тимот, а сепак ќе игра за својата репрезентација против Азербејџан и Унгарија во квалификациите за Европското првенство. Зидан тврди дека не е многу потресен од таа ситуација.

„Не ми е гајле за Бејл, тој најмногу губи од сето ова. Јас само знам дека во моментов не е подготвен за игра и затоа не е во тимот“, изјави Зидан.

Оваа сезона Бејл забележа само седум настапи во сите натпреварувања, најчесто не играше 90 минути, а досега постигна два гола.