Во воведното коло од групата А во Лигата на шампионите, ПСЖ иако ослабен со неиграњето на Нејмар и Мбапе, успеа да го совлада убедливо Реал Мадрид со 3-0. Притоа „кралевите“ буквално не шутнаа на голот на „светците“, а по мечот се оглас тренерот Зинедин Зидан.
„Немавме потребниот интензитет. На ова ниво, во вакво натпреварување без прав интензитет,работите стануваат компликувани. ПСЖ беше супериорен во секој поглед, не надигра и заслужено но мене ме лути тоа што го немавме потребниот интензитет“, истакна Французинот и додад:
„Ние постигнавме два погодока кои за жал ВАР ги поништи, но точно е дека креиравме премалку шанси. Да не се креираат 100% прилики со играчите кои ги имавме на терен е малку чудно. Сите сме во ист брод, кога победуваме, сите победуваме, кога губиме, сите сме виновни за поразот. Тешко е да се прифати овој пораз, но во недела не чека нов меч и мораме да се фокусираме на тој натпревар“.