Зошто не треба да користите лаптоп во кревет?

ИЗВОРСкопје24
|

Ако страдате од болки во грбот само треба да престанете да го користите вашиот лаптоп или таблет во кревет. Британските лекари предупредуваат дека луѓето кои користат паметни уреди во креветот, не само што страдаат од лош квалитет на сонот, но и почнуваат да се жалат од хронични болки во грбот и вратот.

Речиси половина од сите Британци признаваат дека пред да заспијат работат на компјутер, сурфаат на интернет или гледаат филмови. Сепак, ова може да ја оштети нивната севкупна состојба, а и згрбавената поза во креветот е гаранција за проблеми со грбот и вратот, пишува весникот Daily Mail.

Британските лекари велат дека сите луѓе се навалуваат несвесно напред кон екранот, остануваат во оваа поза премногу долго и така предизвикуваат штета на пршлените.

Освен тоа тројца на секои пет луѓе велат дека гледаат телевизија во кревет, а и повеќето од нив поминуваат до четири часа залепени за екранот.

Лекарите ги повикуваат Британците да ги ослободат спалните простории од технолошки уреди, иако тие станаа составен дел од модерниот живот. Проблемот е што многу луѓе работат по цел ден седејќи пред компјутер, а потоа цела вечер седат или лежат пред екранот на телевизорот или лаптопот, а тоа има негативно влијание врз нивниот начин на живот и врз здравјето на нивните органи.

“Нашите истражувања покажуваат дека речиси половина (48%) од луѓето не можат да заспијат навечер поради болки во грбот или вратот, а технологијата го изостри проблемот”, велат авторите на истражувањето.

Од претходното истражување пак, стана јасно дека светлината емитирана од екраните (вклучувајќи и на мобилните телефони) го стимулира мозокот и ако човек ги користи навечер, после не може да заспиете долго време.

Ако сепак ви треба да ги користите паметните уреди во својот кревет, тогаш барем бидете сигурни дека грбот ви е поддржан со перница, а уредот е поставен така што е на нивото на очите.