Зошто домашната пица не ви излегува како купечката?

|

Сигурно сте забележале дека пицата што ја правите дома не е толку вкусна како онаа што ја нарачувате.

Постојат неколку чекори за подготовка што треба да ги промените ако сакате пицата да биде повкусна.

Секако, ќе биде потребно малку вежбање додека не научите да правите совршена пица. Ова се најчестите грешки кои ѝ го расипуваат вкусот:

Користете сукало наместо да го месите тестото со раце – Многу пица пајстори сметаат дека никогаш не треба да корисите сукало. Тестото за пица треба да го подготвувате исклучиво со раце, бидејќи во спротивно смесата ќе биде премногу мека.

Купувате неквалитетен кашкавал – Се разбира, сè зависи од она што преферирате, но внимателно размислете пред да купите. Ренданиот кашкавал од вреќичка генерално не се со добар квалитет. Моцарелата ќе ѝ даде на пицата совршен вкус.

Не ги подготвувате сите намирници пред печењето – Сите додатоци кои сакате да ги ставите во пицата, подгответе ги пред да го замесите тестото. Ако одолговлекувате, тестото ќе се залепи за површината.

Ставате премногу додатоци – Никогаш не ставајте премногу додатоци, бидејќи пицата нема правилно да се испече. Користете најмногу три додатоци (не сметајќи го сирењето).

Секогаш користете го истиот сос – Повеќето луѓе воглавно користат само сос од домати. Пробајте нешто различно, на пример песто или сос од лук. Секако, секогаш можете да подготвите домашен сос од состојките кои ги преферирате.

Ја отворате рерната за да проверите како напредува печењето – Ова не треба да го правите, бидејќи нема правилно да се испече. Најдобро е да поставите тајмер. Нема да мора постојано да се враќате да проверувате, а пицата ќе биде повкусна.