Зошто жените полесно паѓаат во депресија?

|

Некои промени во расположението, па често и самата депресија настанува хормонските промени. Но, самите хормонски промени не предизвикуваат  депресија.

Од друга страна, останатите биолошки фактори, наследни особини и лични животни околности и искуства придонесуваат за зголемување на ризикот од депресија.  Во споредба со мажите, жените имаат посилна генетска предиспозиција за развој на депресија, бидејќи повеќе се изложени на хормоналниот дисбаланс. Ова особено се случува во текот на бременоста, а потоа  и во менопаузата. Не е редок случај тоа да се случи и за време на пуберетот.

Гледано психолошки, жените се погласни од мажите, повеќе зборуваат, а и посклони се да размислуваат за работите. Тоа иако можеби е добро понекогаш, сепак создава подлога за развој на депресија.

Спротивно на тоа, мажите поинаку се однесуваат во тешки времиња. 

Во социо-културна смисла жените се изложени на поголем стрес од мажите. Тие не само што мораат да се грижат за целото семејство, туку често се принудени истата грижа да ја имаат и за мажот, постарите родители и тн.

Кај жените често се поставува ваквата дијагноза, но треба да сме свесни и дека тие почесто се одлучуваат да посетата лекар и да разговараат за своите проблеми. Мажите пак, многу ретко самоиницијативно ќе се обратат на експертите, дури и кога се свесни дека нивните симптоми укажуваат на депресија.