Ѕвезда до ѕвезда: Како би изгледал и колку би чинел Динамо да не ги продаваше најдобрите!

|

Динамо Загреб и најпријатното изненадување од досегашниот дел на сезоната во Лигата на шампионите. „Модрите“ од Хрватска во ланската сезона играа осминафинале во европската елиа, а на добар пат се и оваа сезона да го повторат големиот успех. 

Тренерот, Ненад Бјелица во своите редови има неколку фантастични фудбалери, а најпознатиот светски портал за трансфери „Трансфермаркeт“ се реши да истражува каков тим би имал хрватскиот шампион сега, доколку во последните години не се разделуваше од своите најдобри фудбалери. 

Во обзир се земени само играчите кои денес најмногу вредат на своите позиции, па затоа во овој тим немаше место за фудбалски величини како Марио Манџукиќ, Mарко Пјаца, Едуардо Да Силва, Вукојевиќ…

Според „Трансфермаркет“, денешниот Динамо би вредел дури 254 милиони евра, а најскап играч би бил Брозовиќ, кој моментално вреди 50 милиони евра. 

Составот на Динамо Загреб би изгледал вака:

Голман: Ливаковиќ (Динамо Загреб – 8 милиони евра);

Одбрана: Једвај (Аугсбург – 7,5 милиони евра), Бенковиќ (Лестер – 11 милиони евра), Ловрен (Ливерпул – 20 милиони евра), Врсаљко (Атлетико Мадрид – 20 милиони евра);

Среден ред: Брозовиќ (Интер – 50 милиони евра), Ковачиќ (Челси – 35 милиони евра), Модриќ (Реал Мадрид – 20 милиони евра);

Напад: Брекало (Волфсбург 15 милиони евра), Дани Олмо (Динамо Загреб – 30 милиони евра), Крамариќ (Хофенхајм – 38 милиони евра).

По три одиграни кола во новата сезона на Лигата на шампионите, Динамо Загреб има скор од една победа, едно реми и еден пораз и ја зазема втората позиција на табелата во групата Ц, каде уште се натпреваруваат Манчестер Сити, Аталанта и Шахтјор.