Бараат да ја прогласат за херој: Младата Ема застанала пред Коста и на тој начин спасила 7 други деца

|

Србија, но и целиот регион се уште не може да се освести од шокот кој се случи минатата недела, кога 13-годишниот Коста со пиштол усмрти 8 мали деца и чувар во основно училиште во Белград.

Од оние кои за среќа го преживеа масакрот, сега се дознава дека младата Ема Кобиљски во моментот на ужасот, била вистински храбра и додека сите бегале и биле смрзнати од страв, му се спротиставила и застанала пред убиецот Коста, за да го праша зошто го прави тоа, наредувајќи му да престане. Со овој несебичен потег таа спасила 7 други дечиња со тоа што им купила време, истите да можат да избегаат.

Од она што е објавено на социјалните мрежи, Ема не била на списокот на Коста, но со храбриот потег свесно го ризикувала и го изгубила својот живот, спасувајќи други.

Поради тоа граѓаните преку социјалните мрежи бараат Ема да биде прогласена за национален херој и во нејзино име да биде преименувана некое училиште или барем да има меморијален турнир во нејзина чест.

Инаку Ема е ќерка на познатиот одбојкар Драган Кобиљски.