Елмас: Една победа нè дели од исполнување на сонот од детството, ќе изгинеме на теренот за да дојдеме до СП во Катар

|

Нè очекува еден од најтешките и највозбудливите натпревари досега за сите нас играчи кои сме тука во репрезентацијата. Пред нас се 90 минути во кои можеме да си го исполниме сонот од детството и сонот на целата нација. Знаеме дека оваа шанса не смее да ја пропуштиме и ќе изг инеме на теренот за да дојдеме до Светското првенство во Катар, изјави Елмас.

Македонската фудбалска репрезентација на гостувањето во вторник во Порто во рамки на финалето од мундијалскиот бараж ќе биде посилна за Елиф Елмас, кој оцени дека дуелот против Португалија за „црвено – жолтите“ ќе биде досега најтешкиот.

– Нè очекува еден од најтешките и највозбудливите натпревари досега за сите нас играчи кои сме тука во репрезентацијата. Пред нас се 90 минути во кои можеме да си го исполниме сонот од детството и сонот на целата нација. Знаеме дека оваа шанса не смее да ја пропуштиме и ќе изги неме на теренот за да дојдеме до Светското првенство во Катар, изјави Елмас.

Играчот од средниот ред очекува дуелот во Порто да биде поразличен натпревар од пресметката против Италија.

– Искрено очекувам поразличен натпревар од тој во Палермо, бидејќи мислам дека Португалија е индивидуално за нијанса поквалитетна од Италија. Би сакал да нè потценат, но мислам дека нема да го направат тоа, бидејќи знаат дека ова е финале и само 90 минути ги делат двете репрезентации од пласман на Светското првенство, додаде Елмас, пред финалето на стадионот „Драгао“ во Порто, во вторник со почеток од 20:45 часот.