Илиев: Ќе се обидеме да ја израдуваме нашата јавност

|

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе ги одмери силитепротив Израел во рамки наа петтото коло од квалификациите за ЕП 2020.

Младиот голман во македонскиот тим, Дејан Илиев, исто така се надева на позитивен резултат од утрешната пресметка.

– Дојдовме да се бориме и сигурно нема да се предадеме. Напротив, ќе се обидеме да дадеме максимум од нашите можности да ја израдуваме нашата јавност. Јасно е дека не очекува тежок дуел, но убеден сум дека можеме да се носиме со предизвикот, рече Илиев.

Мечот во Бер Шева се игра со почеток од 20:45 часот.