Сагата околу иднината на Мауро Икарди конечно ќе заврши денеска, откако екс-капитенот на Интер се согласил на преселба во редовите на ПСЖ. Аргентинецот неколку месеци води војна со управата на „нероаѕурите“, но откако му стана јасно дека нема да му биде дозволено да се пресели во Јувентус тој на крајот даде зелено светло за претходно понудената опција – потпис на нов договор и веднаш потоа позајмица во таборот на францускиот првак.
„Светците“ не се откажуваат од намерата за ангажман на нов голгетер дури и откако Нејмар реши да остане во клубот, па експресно ги договорија условите со Интер. За позајмицата на Икарди ќе бидат платени околу 10 милиони евра, а во договорот ќе има клаузула за откуп од 70 милиони евра за наредното лето.
Француските медиуми јавуваат дека постигнат е целосен договор, а Икарди ќе пристигне на аеродромот во Париз во 17 часот.