Претседателот на Примера: Кристијано и Нејмар се играчи во втор план, важен е Меси!

|

Претседателот на ЛА ЛИГА, Хавиер Тебас, го прокоментира можното враќање на Нејмар во лигата, односно рече дека би бил среќен доколку тој направи кам-бек.

Сепак, Тебас смета дека присуството на бразилскиот ас во лигата, не би било толку важно како што е она на Лео Меси.

Се разбира, би сакал да се врати Нејмар во Шпанија. Со своите квалитети тој е меѓу првите тројца играчи во светот. Беше доста важно за Ла Лига доколку дојде повторно, иако тоа не би било пресудно за оваа лига“.

„Она што е најважно дека играме 10 месеци годишно, со 20 клубови кои играат едни со други и креираат страст и радост секој викенд кај навивачите. Нејмар сепак не е толку важен, дури ни Кристијано Роналдо не беше. Од друга страна, битен елемент за Примера е само Лео Меси“, смета Тебас.

Оваа изјава ќе предизвика сериозни коментари од навивачите на Реал Мадрид.