Солскјер во проблеми – Јунајтед останува без Погба!?

|

Пол Погба го откажа својот настап за селекцијата на Франција за предстојните два квалификациски дуели за ЕП, пренесува Дејли Меил.

Франција игра против Албанија и Андора, но Погба ќе остане во Манчестер иако се чинеше дека не се работи за посериозна повред, што во саботата и самиот Олу Гунар Солскјер го најави.

„Го свитка зглобот, но сега ќе замина на репрезентативни обврски и се надевам дека не е премногу лошо и дека ќе можзе да игра за Франција“, кажа Норвжанецот.

Сепак нешто подоцна Погба беше забележан како надкривнува додека го напушта стадионот Ст. Мери, а со одлуката да ја скокне оваа репрезентативна обврска стратувањата дека е нешто посериозно се зголемиња.

На местото на Погба, во селекцијата на „триколорите“ е повикан играчот на Арсенал, Матео Гуендоза.