|
Андреас Екберг од Шведска е делегиран за главен судија на утрешниот дуел во Бер Шева, каде играат Израел и Македонија, во меч од групата Г за пласман на ЕВРО 2020. Тој е еден од подобрите судии од Шведска, а во последно време суди и на европски мечеви.
Последниот му е оној меѓу Базел и Ласк во квалификациите во ЛШ. Интересно е тоа што Екберг му судел и на Елиф Елмас, и тоа лани во групата во ЛЕ кога Фенер дома играше со Андерлехт. Негови помошници се Мехмет Кулум, Стефан Халберг и Каспар Сјеберг.