Ѓорѓи Христов во друштво на Агуеро, Анри, Суарес, Роналдо, Лукаку…

|

Не е голем број на македонски фудбалери кои играле во Премиер лигата: Гоце Седлоски, Артим Шаќири, Горан Попов, Ѓорѓи Христов…

Последниот го носеше дресот на Барнсли три сезони, од 1997 до 2000 година, но само една од нив во најсилното англиско фудбалско друштво. Весникот Дејли меил објави листа на најефикасни фудбалери од секоја држава од каде играле фудбалери во Премиер лигата. Од Македонија, најефикасен е токму Христов кој четири од осумте гола за Барнсли постигна во елитната конкуренција.

Најефикасен Аргентинец е Серхио Агуеро со 170 гола, од Уругвајците тоа е Луис Суарес со 69, а од Белгија – Ромелу Лукаку со 113. Интересно е тоа што најефикасен Украинец е Сергеј Ребров со 10 гола иако во Премиер лигата играше и еден Андриј Шевченко. Не треба да се кажува дека најдобар стрелец меѓу Французите е Тиери Анри со 175 гола, а од Португалија, Роналдо со 84.

Од поранешните југословенски држави, од БиХ е Един Џеко со 50 гола, од Хрватска е Никица Јелавиќ со 29, од Црна Гора – Стефан Јоветиќ со 8, од Словенија – Роберт Корен со 4, а од Србија – Саво Милошевиќ со 29.