Ракетата „Булава“ која е дел од вооружувањето на руската нуклеарна подморница од класата „Бореј“ (“RSM-56” според класификацијата на НАТО), би можела да ги уништи поголемите американски градови.
САД не можат засега да си дозволат така успешен проект, пишува Логан Нил, автор на статијата „Оваа руска ракета би можела да биде последната работа која ќе ја видите“, објавена во магазинот “We Are The Mighty”.
Тие проектили со нуклеарни боеви глави имаат домет поголем од 8 илјади километри, тврди авторот.
„Тоа е доволно за ракетата, која би била лансирана од подморница која плови во близина на јужниот брег на Бразил да погоди било која мета на источниот брег на САД. А кога ќе го погоди, има моќно дејство. Проценките на нејзината моќ варираат, но се верува дека е вооружена со шест до десет боеви глави кои можат да погодат посебни мети. А, секоја боева глава тежи од 100 до 150 килотони“, вели Логан Нил.
Во анализата се додава дека секоја од боевите глави е способна да уништи цел град, а секоја подморница може да носи од 12 до 16 вакви ракети. Тие ракети наводно се способни да го пробијат системот на против-воздушна одбрана на САД.
„Ова е рецепт за апсолутно уништување. Секоја подморница од класата „Бореј“ може да уништи до 72 цели“, предупредува авторот, но и додава дека „Булава“ во суштина е преценета ракета и во реалноста не функционира баш исто како што ја рекламираат Русите.
„Сепак, со оглед на тоа што ракетите успешно го поминаа тестирањето и можат да уништат цели региони во САД, тоа е последната работа која милиони Американци би сакале да дознаат како функционира во пракса“, заклучува тој.