Драма во британскиот парламент: Удар на Борис Џонсон! Мнозинството гласало дека Брегзит без договор е незаконит

|

Откако Борис Џонсон го изгубил мнозинството во британскиот парламент, пратениците со 328 гласа за и 301 против одлучиле дека планот за излегување од ЕУ на премиерот Џонсон на 31-ви октомври е незаконски.

Британскиот парламент изгласал започнување на процедура за забрана на Брегзит без договор. Со тоа се отвора пат за парламентарни избори. 

Пратениците во голем број истакнале дека сакаат расправа за законот според кој Брегзит на 31-ви октомври е противзаконски освен ако не биде изгласан договор за излегување од членството на ЕУ со Брисел. Парламентот за одложување на Брегзит, односно за излегување од ЕУ без договор ќе се изјасни во среда.

Борис Џонсон бил видно незадоволен, велејќи дека ни тој, ни јавноста, не сакаат избори.

“Мора да направиме избор. Но народот ќе мора да избере кој ќе оди во Брисел ова да го среди. Ако пратениците гласаат преговорите да се стопираат, единствен следен чекор се избори. Ова значи само понатамошно одложување и конфузија”, рекол тој.

Џереми Корбин истакнал дека нема мнозинство кое би одобрило Брегзит без договор.

“Доколку премиерот сака Брегзит без договор, мора прво да донесе закон за тоа”, рекол тој.

Претходно претседателот на Долниот дом на британскиот парламент – Претставничкиот дом, Џон Беркоу, одобрил вонредна расправа за Брегзит која ја предложиле пратениците кои се обидуваат да пронајдат начин за избегнување на излегување на земјата од ЕУ без договор.

Расправата траела околу три часа, по што пратениците гласале дали во среда ќе се изјаснат за закон со кој премиерот Борис Џонсон бил принуден за три месеци да го одложи Брегзит кој бил планиран за 31-ви октомври.

“Тоа е нашата последна шанса да го искористиме ова”, рекол лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корибн на почетокот на расправата.