|
Таа никогаш не прави грешки кога се модните комбинации во прашање.
Модните критичари ја сакаат, а следачите на Инстаграм ја преплавуваат со коментари кога и да објави фотографија со нов аутфит.
Може да се каже дека манекенката Рози Хантингтон е вистинска модна икона. Изгледа дека овој модел посебно ѝ се допаднал, па така изминатите денови фановите ја забележале облечена во оваа маица во неколку различи бои.
Толку е едноставно, а многу ефективно парче, кое лесно се вклопува со сè, па затоа мора да го имате во вашиот гардеробер. Погледнете како Рози ја комбинира оваа маица без никаква грешка.