Полицијата застрела бремена жена, оти наводно крадела во продавница (ВИДЕО)

|

Полициското одделение на Блендон Тауншип во американската сојузна држава Охајо објави снимка од камерите на полициската униформа на која се гледа како полицаец пукал и убил трудница обвинета за кражба.

Та’Кија Јанг (21) беше бремена во седмиот месец кога беше убиена во пукотницата на 24 август, соопшти нејзиното семејство. Полицајците биле на паркингот Крогер и му помагале на возачот кој бил заклучен во својот автомобил кога вработен во продавницата им рекол дека жена украла шишиња со алкохол и потрчала кон автомобилот.

На видеото се гледа како Јанг одбива да го напушти возилото и покрај постојаните наредби од полицијата. Потоа полицаец и кажал на 21-годишната дека е обвинета за кражба, што таа го негираше, пренесува Еј-би-си њуз.

Полицаецот потоа почнал да удира по прозорецот од автомобилот, а Јанг го прашала: „Ќе пукаш ли во мене?“ Полицаецот потоа и вперил пиштол и ѝ викал да излезе од возилото. Жената го стартувала автомобилот, туркајќи го полицаецот пред автомобилот, кој потоа испукал еден куршум низ ветробранското стакло.

Кога возилото запрело, полицајците го скршиле стаклото на возачката страна за да можат да го отворат автомобилот и да ѝ пружат прва помош на Јанг. Тие потоа се јавиле на 911, рече началникот на полицијата Џон Белтон.

Како последица од пукањето, младата жена починала во болница, како и нејзиното неродено бебе.