ПОПЛАВИ ВО АВСТРАЛИЈА: Евакуација на делови од Сиднеј, дождот не престанува, наврна четири пати повеќе од вообичаено за овој месец

|

Големи области на Сиднеј, најголемиот град во Австралија, денеска се под вода поради обилните врнежи што предизвикаа сериозни поплави во ниските области, особено во некои предградија каде нивото на водата достигна и до 1,5 метар.

Државната служба за итни случаи на Нов Јужен Велс ги препорача евакуација на жителите од неколку области, предупредувајќи дека дождот нема да престане барем до утре.

Медиумите јавуваат дека од почетокот на месецот во областа Сиднеј веќе наврнале четири пати повеќе дожд отколку што вообичаено паѓа во текот на целиот јули.

Австралиската метеоролошка служба предупреди дека нивото на водата во регионот би можело да се зголеми барем како што беше во март, кога големи делови од истите области на градот доживеаја сериозни поплави.

Службата наведува дека водата од браната Варагамба веќе е излеана.

Метеорологот Џонатан Хау за Еј-Би-Си изјави дека во селото Менангл, околу 70 километри југозападно од Сиднеј, нивото на реките веќе достигнало 16,5 метри, што е малку помалку од рекордот од 16,8 метри поставен во април 2022 година.