Ван Перси: Ова со Погба, за мене е мистериозно

|

Поголемиот дел од навивачите на Манчестер Јунајтед, се сомневаат дека Пол Погба навистина работи на случајот за да си замине од Олд Трафорд.

Таа нејаснотија или мистериозност ја прифаќа и Робин Ван Перси, херојот на „ѓаволите“ кој вечерва пред почетокот на мечот против Арсенал, го истакна она што го мислат сите навивачи на Јунајтед.

Ова што се случува со Погба за мене е малку мистериозно. Мислам дека е важно за Пол Погба да излезе и да прозбори, околу тоа дали сака да остане или да замине, треба да биде јасен кон навивачите“, истакна Ван Перси.

Погба и вечерва не е дел од составот на Јунајтед, а Солскјер пред мечот рече дека францускиот интернационалец е повреден и дека со сигурност ќе биде неколку недели надвор од теренот.

Голема е веројатноста дека Погба навистина работи на тоа да замине од Манчестер, и тоа уште оваа зима.