Игор Моргулов, заменик министер за надворешни работи на Русија, рекол дека концепцијата на големото евроазиско партнерство е отворена за сите земји и организации, вклучувајќи ја и ЕУ.
“Јасно е дека последните децении ситуацијата на големиот евроазиски простор е сериозно промената. Се појавуваат нови центри на моќ, кои не беа тука пред 50 години”, истакнал тој зборувајќи на маргините на Источниот економски форум во Владивосток.
Моргулов како нови центри на моќ ги означил Кина, Индија, Јужна Кореја, Јапонија и државите членки на ASEAN. Покрај тоа, во регионот се појавиле и интеграциски здруженија, како EU, EES, ASEAN и други.
Тој истакнал дека во Москва секогаш верувале дека е можно да се решат проблемите во односите со Западот, како реалните, така и оние вештачките.
“Сметам дека големото евроазиско партнерство може да ни помогне во тоа, може да не обедини со Европа во рамките на голема Евроазија. Од наша страна, вратите за ЕУ во “голема Евроазија” и натаму се отворени. Никогаш не одбивавме соработка со Брисел, остануваме приврзани на идејата за единствено економско, хуманитарно и безбедносно пространство”, рекол Моргулов.