Едно лице загина, а тројца се повредени во пресметка помеѓу мигранти во близина на Суботица

|

Во близина на границата со Унгарија, кај Суботица синоќа имало пресметка и пукање меѓу мигрантите, а епилог е тројца повредени и еден загинат, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти српското Министерство за внатрешни работи утрово почна голема операција за сузбивање на мигрантите на северот од земјава. Акцијата започнала рано утрово, а мета се шверцери на мигранти на подрачјето на Суботица, Сомбор и Кикинда.

На теренот се присутни голем број припадници на МВР, пронајдени се и повеќе парчиња оружје, а акцијата на теренот ја следи министерот на полицијата Братислав Гашиќ.

Во изминатите неколку месеци зачестија судирите меѓу мигрантите на северот на Србија. Пред само четири дена имаше пукање на паркингот на мегамаркетот во Суботица во кое едно лице е повредено.

На 25 јули во полиција е пријавено пукање во шумата на периферијата на Хајдуково, крај Суботица. Полицијата излегла на местото на настанот и го пребарала теренот во близина на автопатот и пронашла безживотното тело на авганистански државјанин, како и еден негов повреден сонародник.

Од болницата во Суботица полицијата била известена дека со нив имало уште еден повреден мигрант, се наведува во соопштението на Полициската управа во Суботица.