|
Новата италијанска Влада, на чело со досегашниот премиер Џузепе Конте, денеска ќе положи заклетва. Инаугурацијата ќе се одржи во претседателската палата во Рим.
Новата влада ќе ја сочинуваат Движењето Пет ѕвезди, членка на досегашната владејачка коалиција и опозициската Демократска партија.
Првата 14-месечна влада на Конте падна минатиот месец кога Матео Салвини ја повлече својата антиимигрантска партија Лига од коалицијата во неуспешниот обид да се одржат предвремени избори за тој да стане премиер.