Ова куче е херој на денот: Питбулот Саша спаси бебе од запален стан, држејќи го со забите за пелената

|

Пожарот кој во неделата избувна во еден стан во Стоктон, град во Калифорнија, оштети две згради во комплексот, а неколку станови потполно се оштетени. Трагедијата, која можела да биде во многу поголеми размери, е спречена поради Саша, женка питбул, домашно милениче на семејството Чаичанду.

Сопственичката на кучето, Нана, нејзината осуммесечна Саша ја разбудила околи 22 часот. Саша цивкала и скокала кај излезната врата на станот, се обидувала да ја предупреди својата сопственичка и нејзината чекра за пожарот, кој почнал да се шири со голема брзина.

– Видов како во забите носи пелена. За тоа време, пожарот веќе го уништил домот на нивните соседи, а Саша се повеќе лаела. Ни на крај на паметот не ми беше дека се обидува да не предупреди на пожарот, вели Нана за „Фокс40“.

Нана станала од креветот да провери што се случува. Тек тогаш видела дека целото сосетство и гори, па панично тргнала накај спалната во која се наоѓала нејзината ќерка, стара само седум месеци. Кога влегла во собата, имала и што да види. Саша веќе ја спасувала нејзината ќеркичка така што ја извадила од креветчето, држејќи ја за пелената.

– Благодарејќи на Саша, на време излеговме од станот и се јавивме на 911. Ги предупредивме и останатите луѓе кои во кој период се наоѓаа во зградата. На Саша му го должам својот живот и животот на детето. Таа е нашиот јунак. Без неа, веројатно немаше да се извлечеме, вели Нана.

Пожарникарите брзо стигнале и успеале во релативно кратко време успеале да го изгаснат пожарот, па тој не ја уништил целата зграда. Сепак, станот на Саша и нејзината сопственичка е потполно уништен во пожарот, заедно со работите кои ги поседувале.

Додека се обидуваат да почнат нов живот, Нана се надева дека гестот на нејзниот миленик Саша ќе го промени ставот кои луѓето го имаат за питбулите, како домашни миленици.