Паника во Шпанија-перки се појавија во водата, сите почнаа да бегаат (ФОТО)

|

Капачите во Шпанија во градот Ла Антила бегаа од водата кога некој извика дека видел црна перка како ги сече брановите во плиткото, пишува „Дејли мејл“. Родителите трчаа да ги земат своите деца но се покажа дека нема причина за грижа бидејќи не се работи за ајкула, туку за кит.

Полицијата соопшти дека тоа не е ајкула и луѓето нема да го видат режисерот Стивен Спилберг на плажата со камера, ниту пак е кит убиец. Тогаш беше објавено дека се работи за клунест кит кој очигледно бил дезориентиран.