Србин исчезна на музички фестивал во близина на Газа

|

Внукот на Душан Михалек, долгогодишен уредник на музичката програма на Радио Нови Сад, исчезна во близина на границата со Газа.

Се верува дека тој бил киднапиран од членови на Хамас на музички фестивал во саботата.

Информацијата за исчезнувањето ја потврди и самиот Михалек на својата Фејсбук страница.

„Не ме прашувајте, не ми се јавувајте, во паника сме. Нашиот најстар внук Мор исчезна, на границата со Газа. Не знаеме ништо за него. Молете се“, напиша Михалек на неговиот профил.

Да потсетиме, израелската спасувачка организација ЗАКА, која се занимава со собирање и идентификација на телата на загинатите, синоќа соопшти дека во областа на паркот кај Кибуц Реим, каде на 7 октомври се одржа танц во близина на Кибуцот, се откриени 260 тела.