Татко и ќерка обвинети за инцест и чедоморство, откако во подрум се пронајдени остатоци од три новороденчиња

|

Страшен случај на инцест и чедоморство случајно е отркиен во северниот дел на Полска, по што татко и ќерка се соочуваат со доживотен затвор.

Станува збор за Пјотр Гиерасик (54) и Паулина Гиерасик (20), кои се уапсени за убиство и инцест откога телата на три новороденчиња се пронајдени во подрумот од нивниот дом во селото Черники во северна Полска. Првите две бебиња биле пронајдени во петокот, но дополнителните истраги открија трето тело во напредна фаза на распаѓање во саботата.

Жената е обвинета за две точки од обвинението за убиство и обвинение за инцестуозна врска со својот татко. Мажот е обвинет за три точки за убиство, инцест со војата 20-годишна ќерка и обвинение за родосквернавење со друга ќерка, рече Мариуш Душињски од Окружното обвинителство во Гдањск.

Според обвинителите, двете убиени деца потекнуваат од неговата врска со 20-годишна жена за која велат дека била во консензуална врска со таткото. Третото дете било од врската што ја имал со друга ќерка откако ја принудил на секс. Обвинителите додадоа дека го сомничат за убиство на третото бебе.

Обвинителите сега чекаат обдукција за да се утврди како починале бебињата. Во меѓувреме, полицијата продолжува да го пребарува имотот за да види дали има уште тела скриени во куќата.

Мрачни откритија се направени откако полицијата добила дојава од социјалната служба. Кога Пјотр се преселил во селото пред околу 15 години, морал да ги воспитува своите деца откако неговата сопруга починала.

Тој остана сам со децата. Ги имаше многу, од 10 до 12, некои веќе заминаа. Немаше никаков знак дека пиел. Ги носеше децата на прошетка или во шума да берат печурки. Тие беа обични луѓе. Кој би помислил дека такви ужаси има во нивната куќа?, изјавил еден од мештаните, но потоа додаде и дека таткото пред неколку месеци ѝ ја избричил главата „за да не ја гледаат другите момчиња“.

Колегите во слаткарницата во која работела Паулина во соседното село Стара Кишева се посомневале дека е бремена откако почнала да носи широка облека. Потоа земала три недели одмор, но се вратила една недела подоцна.

Сите се сомневавме дека е бремена, мислам дека имаше врзани ленти околу неа како корсет. Кога порано се врати од одмор, промената беше видлива. Беше многу послаба и постојано уморна. Кога ја прашавме за детето, глумеше изненадена и демантираше се, изјави колешка од работа.

Една од колегите на Полина, наводно, ги предупредила социјалните служби откако видела „вознемирувачка“ СМС порака што 20-годишната девојка му ја испратила на нејзиниот татко. Обвинителите сега чекаат обдукција за да се утврди како починале бебињата.

Во меѓувреме, полицијата продолжува да го пребарува имотот за да види дали има уште тела скриени во куќата.