Ферари удри во комбе, има мртви (видео)

|

Две лица загинале кога со „ферари“ предизвикале верижен судар, по настанал карамбол.

Како што пренесува „Билд“, несреќата се случила на Сардинија, за време на рели на луксузни автомобили во кои учествувале возила како „ферари“ и „ламборгини“.

Според новинската агенција АНСА, по судирот „ферарито“ при претекнување во полна линија се превртело, излетало од патот и се запалило, а двојката од Швајцарија загинала во пламенот.

Исто така, од патот излегло и сино „ламборгини“, кое во таа прилика удрило во комбето напред.

Екскурзијата со луксузни автомобили трае неколку дена и чини 24.800 евра, односно 11.999 евра доколку учесниците дојдат со сопствен луксузен автомобил.