Шокантно сознание! Внукот на Тито открива во какви односи биле Броз и Сталин: „Сите знаете дека тие биле непријатели, но ова е вистината која ја криеле од вас!“

|

Претседателот на Комунистичката партија и внук на Јосип Броз Тито, Јошка Броз денес открил дека неговиот дедо не бил руски агент и дека конфликтот помеѓу Тито и Сталин бил само политички, а дека приватно до последните денови на Сталин тие биле многу добри пријатели.

„Јас не знам што сакаат тие со тоа, што тие постигнуваат со тоа, а не ни даваат ништо ново. Имавме сè, бесплатно здравство, школување, речиси најдобрата војска на светот, бевме совршена земја за живот“ – изјавил Броз и додал дека се прашува дали било важно кој бил тој кој сето тоа го “изрежирал“ и дека Западот се обидува да направи сè што може за ликот и делото на тито да го прикаже во лошо светло по кој знае кој пат досега.

Според неговите зборови, многубројни приказни веќе со децении се раскажуваат за Тито, со тоа што нивното потекло како и вистинитост не можат лесно да се потврдат или пак да се докажат, но како што вели тој, во едно е сигурен, а тоа е дека за времето на поранешна Југославија сме биле земја на високо ниво, земја која била призната насекаде во светот.

Саша Адамовиќ, историчар, вели дека претходно немало услови да се зборува за Тито во вистинско светло.

Во последно време се појавиле и книги за Јосип Броз Тито. Како што кажува историчарот на секоја од тие книги може да ѝ најдеме маана, но и дека книгите на Перо Симиќ содржат информации кои се потковани со цврсти докази.

„Се наведува дека Маријан Џон Маркул на агентите на ФБИ во 1955-та годна им рекол дека личноста која се претставува како Тито всушност не е вЈосиистинскиот Јосип Броз Тито туку дека станува збор за руски агент кој го украл неговиот идентитет во 1937-та година кога вистинскиот Тито исчезнал во Русија“ – заклучил Адамовиќ.