Два последователни средно јаки земјотреси ја погодија Србија утринава во 7 и 33 минути. Првиот земјотрес беше со јачина од 4.1 степен по Рихтер и на длабочина од 10 километри со епицентар 59 километри североисточно од Белград или на 4 километри од Хајдучица, додека вториот дваесетина минути подоцна е со ист епицентар но со нешто помала магнитуда од 3.8 степени по Рихтер.
Засега не е пријавена материјална штета, но секако ги исплаши граѓаните кои ги извади од својот сон.