Потврдено е: Најчистата земја се наоѓа во “комшии”

ИЗВОРСкопје24
|

Обединетите нации минатата 2017 година ја прогласија за Меѓународна година за одржлив развој на туризмот. Земјата која доби најмногу бодови во сите категории, а со тоа и ја освои титулата е Словенија.

Титулата за “најодржлива” земја Словенија ја доби со исполнување на 96 од 100 индикатори за одржливост. Повеќето од високо рангираните земји исполнувале по 80 индикатори; грижа за околината и климатските промени, биодиверзитет, култура на автентичност и слично.

Наградата дојде како резултат на напорната работа на владата која воведе скапи еколошки мерки и закони. Еден од нив гласи дека отпадот мора, уште во најрана фаза, да се одвојува на пластика, хартија и био отпад. Ова осигурува дека до една третина од отпадот кој е произведен во текот на годината ќе се рециклира. Со воведувањето на јавни велосипеди, автобуси кои користат природен гас и забраните за автомобили во центрите на поголемите градови, Словенците успеаја драстично да ја намалат емисијата на штетните гасови.

Уште една причина поради која Словенија ја заслужи титулата е и фактот дека дури 60 проценти од територијата на Словенија е покриена со шума. На ова треба да го додадеме и податокот дека во Словенија има над 20 000 врсти на животни и билки кои непречено живеат и функционираат во 40 национални паркови и резервати. “Бидете горди на својата земја и потрудете се секое место во вашата земја да биде гордо и по пет години од денес така што ќе остане зелено, чисто и автентично за туристите” – изјави Албер Салман на свечената церемонија.

Останува надежта дека нашите власти ќе се вразумат и ќе ги насочат нивните стратешки приоритети кон зачувување на околината, бидејќи пред сѐ, првиот услов за здрав развој на нашите поколенија е воздухот, чистата храна и вода за пиење.