Запознајте го Хисни од Косово: Чува волци, а едниот го крстил ТРАМП

ИЗВОРТелма
|

На западот од Косово, недалеку од Џаковица, живее еден необичен човек кој стана познат поради своите необични домашни миленици, а тоа се волци. Хисни Реџај вели дека пријатели – волци се питоми, дел од нив ги купил, а дел ги фатил со раце. Вели дка неговата моќ е да ги припитоми да не напаѓаат. Ги носи на шетање како кучиња, а неговиот омилен волк се вика Трамп, по американскиот претседател, бидејќи Хисми смета дека Доналд Трамп направил многу за Косово.
Овој волк кој се вика Трамп го посветив на Америка зашто Америка направи многу за нас. Затоа и му го дадов тоа име. Тој е повеќе од специјален. Тој е како него (Трамп) и затоа се вика така. Имаат дури и слични карактеристики. Убав е. И благодарам на Америка, тие не поддржуваа за време на војната, вели Хисни.