Дачиќ му пееше „Каљинка“, а Вучиќ му подари шарпланинец на Путин (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, на рускиот претседател, Владимир Путин, му подари шарпланинка по име Паша. Станува збор за тримесечен мажјак од оваа раса.

– Кучето е со сериозно педигре седум генерации наназад од нашата најстара афтохтона раса, а се знае дека претседателот Путин токму такви сака, наведува „Блиц“ од извори од Кабинетот.

Првпат претседател на Србија дава таков подарок.

Српскиот министер за надворешни, Ивица Дачиќ, секако, и овојпат не остана без песна. Тој специјално за Путин ги испеа руските Каљинка и Рјабинушка. Српските медиуми сѐ уште не дошле до снимка од пеењето на Дачиќ.